Марио Стојановски го продолжи договорот со Вардар

96

Младиот Марио Стојановски кој сезонава е стандарден првотимец во сениорскиот тим на Вардар, а истовремно и дел од младата репрезентација на Македонија го продолжи договорот со „црвено-црните“ до јуни 2026 година.  Тој е вториот ракометар кој реши да ја продолжи верноста со тимот, по Марко Срдановиќ кој истотака ќе остане до 2026 година во Скопје.

Стојановски игра на позицјата лево крило (20) и се повеќе добива шанса од тренерот Владо Недановски, и истата ја оправдува,со добра игра и голови. Стојановски кој потекнува од Вардар се развива во квалитетен играч, на кого тимот сериозно смета во иднина.

„Воопшто не се двоумев кога Вардар ми понуди нов договор, бидејќи тоа беше мојот сон. Напорно се подготвував за ова што сега го имам, и работев да стигнам до првиот тим. Убеден сум дека и јас и екипата ќе растеме уште повеќе, а резултатите тоа го покажуваат, вели Марко Стојановски.

ПретходноНиколов стрелец, Кишварда во осминафинале на Купот на Унгарија
СледноТурскиот газда на Гостивар сега ќе финансира и во Слога Виница! (ФОТО)