Фудбалерот на Галатасарај, Танги Ндомбеле е исклучен од првиот тим поради прекумерна телесна маса. Според „Фотоспор“, по мечот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен (1:3), околу полноќ 26-годишниот Французин порачал хамбургер, помфрит и Кока кола во хотелот.
Тоа го забележал тренерот Окан Бурук кој го искритикува фудбалерот и му постави ултиматум – да ја намали телесната маса до 75 килограми. Додека не го направи тоа нема да биде во првиот тим.
Ндомбеле одигра седум натпревари за Галата сезонава.
Ğalatasaray’da NDOMbele’nin hamburger krizi devam ediyor. 😂
— ♱ Fenerli Harden ♱ (@FenerliHrdn) November 1, 2023