Нејмар утре оди на операција, го чека пауза од најмалку 10 месеци!

163

Се чека само официјално одобрение од клубот па Нејмар да биде подвргнат на оперативен зафат кој е закажан за утрешниот ден. Познато е дека бразилската мега – ѕвезда пред неколку денови потешки ги повреди вкрстените лигаменти и тоа значи од утре па во следните најмалку 10 месеци тој ќе биде надвор од фудбалот.

Јасно е дека за него оваа сезона е завршена, а во Ал-Хилал стравуваат дека и дел од следната сезона нема да можат да сметаат на својата мега – ѕвезда.

Инаку самиот оперативен зафат ќе биде во една болница во Ријад.

ПретходноШпетим Дуро: Заслужена победа над Вардар, Ибраими и Радески се основата на тимот на Струга ТЛ!
СледноОткрени се шокантни детали за смртта на Боби Чарлтон!