Нов странец во лигата: Хрватот Скочиќ е нов среден блокер на Весна Пробиштип

117

Искусниот 30-годишен хрватски интернационалец Дејан Скочиќ е ново засилување за македонскиот одбојкарски прволигаш Весна Пробиштип. Тимот кој со сериозни амбиции влезе во новата сезона, успеа да најде решение за пополнување на блокерската позиција со доведување на искусен одбојкар, кој досега ги бранеше боите на повеќе хрватски клубови.

Скочиќ во пробиштип доаѓа од екипата на ОК Сплит, а претходно настапуваше и за Младост Рибола Каштела. Како интернационалец има една сезона во германските лиги.

Скочиќ ќе биде одлично освежување за пробиштипјани, кои веќе утре ги чека големо дерби против шампионот Струмица.

ПретходноПМФЛ: Шампионот го “торпедираше“ Вардар и ги освои планираните три бода! (ВИДЕО)
СледноКрис Сатон: Разгалено дете како Бруно не може да биде капитен на Ман.Јунајтед