Третолигашот Сарбрикен е сензацијата на вечерта во фудбалска Европа. Вечерва во меч од 2. коло на германскиот куп, екипата која во мечот влезе како апсолутен аутсајдер покажа дека кога се игра само еден меч, па згора на тоа и на домашен меч – ништо не е невозможно!
Иако Баерн (М) прв поведе со голот на Томас Милер во 16-тата минута и се чинеше дека лесно ќе го реши мечот во своја полза, домашните упорно ја градеа својата игра и дојдоа до резултат. Во самиот финиш на првиот дел со голот на Зонтхајмер успеаја да израмнат на 1:1 и да заминат во егал на пауза.
Во вториот дел и покрај бројните промени кои гинаправи Тухел, втор гол за шампионот немаше: напортив во 96-тата минута, домашните приредија сензација за која долго ќе се зборува во градот и низ Германија. Со голот на Гаус, третолигашот поведе и победи со 2:1 обезбедувајќи место во осминафиналето од најмасовното натпреварување во Германија.
BIG SHOCK !!!!
GoaL! | FC Saarbrücken 2-1 FC Bayern München | ⚽️ Marcel Gauspic.twitter.com/UMvdTBRABu
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 1, 2023
Вечерва во Купот на Германија елиминација доживеа и Мајнц кој загуби кај второлигашот Херта со 3:0.