Србинот го предаде дуелот во двојки: Противниците чекаа, Ѓоковиќ не се појави на терен

1324

Новак Ѓоковиќ денеска успешно ја мина првата пречка на Мастерсот во Париз победувајќи го Аргентинецот Ечевери во два сета, но иако беше планиран негов настап и во игра на двојки, тој изненадувачки не се појави на теренот. Како што соопштија медиумите од Франција, Ѓоковиќ се повлече од турнирот во двојки во последна минута, додека неговите противници чекаа на теренот.

Во рамките на 2. коло во двојки, светскиот рекет бр. 1 заедно со својот сонародник Кецмановиќ требаше да се сретнат со третите носители, Рохан Бопана и Метју Ебден, но натпреварот не се одигра.

Во првото коло Ѓоковиќ и Кецмановиќ славеа над Гонзало Ескобар и Александар Недовјесов со 6-4, 6-2.

ПретходноШампионот не прифати два меча во гости: Струмица против СВД Дирен на 23 ноември во „Парк“
СледноСрбија најважниот меч за пласман на Евро 2024 ќе мора да го игра пред празни трибини