Струмица – Скопје 2:0: Наковски В. триумфално против шампионот, Струмица го „реши“ вицешампионот

270

Струмичките прволигаши денеска имаат причина за славење. Во двата дерби дуела од 3. коло на Првата лига за жени, екипите од Струмица остварија големи победи.

Наковски Волеј на гостувањето во Скопје оствари голема победа против шампионот Работнички со 3:1 и ја продлабочи кризата која очигледно го зафати тимот на Глигор Христов на почетокот на новата сезона. Струмичанки одиграа одличен меч во кој се изборија за цели три бода.

Вечерва, пак, во Струмица, истоимениот прволигаш кој летово сериозно се засили, успеа во пет сета со 3:2 да го совлада вицепрвакот Јанта Волеј, кој пред само два дена обезбеди голема победа во скопското дерби против Работнички со истиот резултат.

Први победи сезонава запишаа и Младост УДГ и Вардар ЕМ. Штипјанки пред своја публика во исцрпувачки пет сета славеа против Фит Фан Волеј, додека Вардар ЕМ го доби „црвено-црното“ дерби против Вардар 2019 со 3:1.

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ

3 КОЛО

Струмица – Јанта Волеј  3:2 (21:25, 25:16, 25:19, 23:25, 15:7)

Вардар 2019 – Вардар ЕМ   1:3 (10:25, 8:25, 26:24, 16:25)

Младост УДГ – Фит Фан Волеј  3:2 (20:25, 25:9, 25:16, 17:25, 15:7)

Работнички – Наковски Волеј  1:3 (22:25, 19:25, 25:13, 21:25)

ТАБЕЛА: 1. Наковски В. 9; 2. Струмица 8; 3. Јанта Волеј 6; 4. Работнички 4; 5. Фит Фан Волеј 4; 6. Вардар ЕМ 3; 7. Младост УДГ 2; 8. Вардар 2019 0.

ПретходноУникатно: Бетис во едно полувреме го собори рекордот за најмногу постигнати голови на еден меч
СледноХари Кејн пишува историја во Бундеслигата, подобар е и од Ерлинг Халанд!