ТРЕТ МЕЃУНАРОДЕН МАСТЕР ТУРНИР ВО ВАТЕРПОЛО „13 НОЕМВРИ“ СКОПЈЕ 2023

421

На 3.11 и 4.11, по повод 13 Ноември – ослободувањето на Скопје,  ќе се одржи третиот по ред меѓународен мастерс турнир во ватерполо во базенот „Борис Трајковски“.

Турнирот е во организација на ВК Вардар Ветерани, а е поддржан од Општина Карпош. Учество ќе земат 13 екипи со играчи од 12 земји – Македонија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Словачка, Унгарија, Велика Британија, Јапонија, Германија и Бугарија. Домаќинот Вардар ќе настапи со две екипи.

Турнирот веќе прерасна во традиција, а целта е афирмација на ватерполото кај младата популација, како и дружба и нови пријателства помеѓу љубителите на овој спорт од целиот регион и пошироко.

Во петок, 3.11.2023 во 13:00 часот е свеченото отворање на турнирот, а натпреварите ќе се играат во петок и сабота од 10:00 до 17:00 часот. Базенот ќе биде отворен за посетителите кои ќе сакаат да ги проследат натпреварите, а влезот е бесплатен.

ПретходноПолувреме: Мрежите мируваат во Струга, шампионот со шанси а Вардар добро се брани!
СледноГрчкиот селектор со провокација: Ќе играме два меча со Скопје!