Убава вест за сите во редовите на ФК Слога Виница, за градот Виница како и за фановите на овој познат наш клуб. Имено денеска преку социјалните мрежи од таборот на виничкиот клуб се пофалија дека е постигнат договор со турскиот газда на Гостивар, Енес Уста, кој ќе финансира и во Слога Виница.
Преговорите со газдата на Гостивар, инаку наш прволигаш, кој вложува огромни средства, траеле повеќе месеци и за среќа на крај биле завршени успешно.
Од Слога Виница велат дека ова и тоа како добро ќе им дојде со цел што побргу да се вратат во Втората лига, ако се знае дека сега клубот се натпреварува во третата лига.