Фудбалерите на Бетис вечерва во меч од 1. коло во шпанскиот куп успеаја за едно полувреме да го соборат клупскиот рекорд по бројот на постигнати голови на еден меч. На гостувањето кај екипата на Хернан Кортес која се натпреварува во 4. лига на Шпанија, Бетис првото полувреме го доби со неверојатни 0:9.
Имено, Бетис досега највисоката победа во клупската историјата имаше забележано на меч со Саламанка во 1958/59 кога славеше со 7:0.
За едно полувреме, Бразилецот Вилијан Хозе постигна 4 гола, додека хет-трик запиша и Родри.