Шампионот попладнево во меч од 5.коло успеа да го победи и тоа повеќе од убедливо, со 4:0 и да ги освои тие планирани бодови. По поразот од Гостивар секако дека ова е добредојдено за тимот на Шпетим Дуро, кој сега заостанува само еден бод зад Шкупи и Шкендија.
По триумфот над Вардар, стратегот на Струга ТЛ истакна:
„Заслужена победа иако во првиот дел не постигнавме гол, иако имавме 4-5 шанси. Сепак и покрај се се беше под наша контрола, посебно по првиот гол. На крајот дојдовме до тоа што го сакаме. Сакам да кажам дека сум среќен што и младите се наметнуваат како Хадис Таири, потоа Христијан Георгиевски, Беким Камбери. Тие ќе добиваат уште поголема минутажа. За нападот што да кажам, сега имам и алтернативи во Јаровиќ и Компаоре, но сепак се знае дека Ибраими и Радески се основата на тимот“ вели Дуро.
Веќе во недела се игра супер – дербито меѓу Струга ТЛ и Шкендија, тим каде што Дуро беше тренер во два мандати.
„Да, ја чекаме Шкендија. Тоа е силен тим, заедно со Шкупи тетовци ни се големи ривали. Верувам и очекувам во недела во Струга да биде одигран навистина квалитетен и интересен дерби натпревар“ заврши стратегот на Струга ТЛ.