Винисиус: Само тие што биле во Реал знаат што значи да се игра за овој тим!

187

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Винисиус Жуниор го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година.

„Тешко е да се опише како е да се игра за Реал Мадрид. Само фудбалерите кои биле тука знаат за што зборувам. Кога си дел од овој клуб, секогаш сакаш да победуваш и да бидеш најдобар. Сакам да бидам тука до крајот на кариерата.

Многу брзо сфатив како функционираат работите. Денеска победуваме, но мора веднаш да почнеме да размислуваме како да победиме на следниот натпревар. Секој ден – секоја година. Ја освојуваш Лигата на шампионите и веднаш почнуваш да размислуваш како да го направиш тоа повторно следната сезона“, изјави Жуниор по потпишувањето на договорот.

Тој е задоволен од односот на првиот човек на Реал Мадрид кон него.

„Претседателот Флорентино Перез има посебна наклонетост кон мене на начин на кој никогаш не сум замислувал. Секогаш ми пишува пораки, ме прашува за семејството. Тој навистина се грижи за мене и тоа е важно“.

Бразилецот веќе шеста сезона е дел од „кралевите“.

ПретходноСерија А го собори рекордот за најголема ТВ гледаност
СледноДимитријевиќ и Шортс номинирани за МВП за месец октомври