Томас Тухел често се соочува со отсуство на клучни играчи, па веќе ја известил управата на клубот дека трансферите се неопходни за време на зимскиот преоден рок. Во овој момент му недотстасуваат Упамекано, Гнабри, Горецка и Гереро.
Спортскиот директор на тимот, Ули Хенес му одговорил на Тухел дека ќе ги добие играчите кои ги сака, но тренерот бил информиран преку „Билд“ за оваа изјава на Хенес.„Навистина тоа го кажал? Е, па тогаш скапо ќе го чини. Ќе почнеме со трансфери штом се отвори трансфер преодниот рок“, изјави Тухел.
Инаку, Баерн Минхен важи за тим кој ретко прави трансфери во зимскиот преоден рок, понекогаш немаат ниту една измена во тимот во текот на целата сезона.
Меѓутоа престојната зима се очекува неколку играчи да дојдат во најтрофејниот германски клуб, кој треба да ја продолжи „потерата“ по Баер Леверкузен, кој се чини ќе биде најголем ривал за Баерн за титулата.