Скопје е домаќин на третиот турнир од проектот „Заедно до 16“

87

Од 1. до 5. ноември, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на третиот по ред турнир на ФИБА, кој е дел од проектот „Заедно до 16“.

Скопје ќе биде домаќин на пет национални селекции, овојпат на кошаркари и кошаркарки родени 2009 година и помлади.

Ова ќе биде добра можност за нашите најмлади репрезентативни селекци во двете конкуренции, машка и женска, да ги подигнат своите играчки вештини преку одигрување на уште четири натпревари.

Селекторот на машката селекција, Владимир Мирковски, односно Горан Крстевски, кој ќе биде на чело на женскиот состав за овој турнир во СРЦ „Кале“, ги одбраа кандидатите кои ќе бидат дел од овој собир.

Распоредот на турнирот вели дека во првото коло, на 1. ноември (среда), двете наши селекции (од 19. часот, женската, а од 21. часот, машката), ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Бугарија.

Наредниот ден, во истите термини, ќе играме против соодветните селекции на Косово. Третиот ден од турнирот е слободен за нашите млади таленти. На 4. ноември (сабота), на ред се дуелите со репрезентативните селекции на Турција, додека дружењето во нашиот главен град ќе го затвориме со мечевите против Романија, со натпреварите кои се играат од 13. односно од 15.часот.

Списокот на двете селекции можете да го видите ТУКА. 

ПретходноНа Тухел му ги пренесоа зборовите на Хенес: Навистина така кажал? Е, па скапо ќе го чини!
СледноВојдан Стојановски „доби“ шест конци, ќе паузира извесен период