Турскиот газда на Гостивар сега ќе финансира и во Слога Виница! (ФОТО)

777

Убава вест за сите во редовите на ФК Слога Виница, за градот Виница како и за фановите на овој познат наш клуб. Имено денеска преку социјалните мрежи од таборот на виничкиот клуб се пофалија дека е постигнат договор со турскиот газда на Гостивар, Енес Уста, кој ќе финансира и во Слога Виница.

Преговорите со газдата на Гостивар, инаку наш прволигаш, кој вложува огромни средства, траеле повеќе месеци и за среќа на крај биле завршени успешно.

Од Слога Виница велат дека ова и тоа како добро ќе им дојде со цел што побргу да се вратат во Втората лига, ако се знае дека сега клубот се натпреварува во третата лига.

May be an image of 2 people and text

May be an image of text

ПретходноМарио Стојановски го продолжи договорот со Вардар
СледноШкупи – Вардар и дефинитивно се игра во недела како и дербито во Струга, сите останати мечеви во ПМФЛ се играат в сабота!