Шампионот не прифати два меча во гости: Струмица против СВД Дирен на 23 ноември во „Парк“

178

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица не ја прифати понудата на германскиот бундеслигат СВД Дирен и двата меча од 2. квалификациско коло на ЦЕВ Купот да ги одигра на гости. По последните разговори меѓу двата клуба, останува на првичната одлука на ЦЕВ дуелите да се играат во одредените термини.

Тоа значи дека Струмица ќе биде домаќин на првата средба со силниот германски ривал на 23 ноември во салата „Парк“, додека реванш средбата ќе се одигра на гости во Дирен една недела подоцна (30 ноември).

Добрата вест за навивачите на Струмица е фактот што за овој двомеч со силниот германски ривал, нашиот првак во своите редови сигурно ќе може да смета и на трите интернационални засилувања, кои поради проблеми со регистрацијата не настапија на минатонеделниот турнир во Бургас во рамките на 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

ПретходноМуслиу и Падерборн направија изненадување во Купот и обезбедија осминафинале
СледноСрбинот го предаде дуелот во двојки: Противниците чекаа, Ѓоковиќ не се појави на терен