Претседателот на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ денеска ја поддржа партијата на Александар Вучиќ на претстојните парламентарни избори.
Во Србија се распишани вонредни парламентарни избори за 17 декември оваа година. Антиќ кој е екс-македонски репрезентативец, поранешен кошаркар на Црвена Звезда, сега прв човек на македонската кошарка одлучи да даде свој придонес во трката на партијата Српска напредна странка – „Александар Вучиќ-Србија не смее да застане“.
СНС му се заблагодари на Антиќ за поддршката со зборовите
„Благодариме легендо“,
Антиќ и Вучиќ се пријатели, а пред извесно време имаа средба на која нашиот екс-репрезентативец му подари патики.
Кошаркашка легенда Перо Антић данас је подржао листу “Александар Вучић – Србија не сме да стане”. Хвала, легендо! 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 #SrbijaNeSmeDaStane #SNS #Srbija pic.twitter.com/QEzg0Gt9om
— СНС СРБИЈА (@sns_srbija) November 2, 2023