Пројковска ќе го суди мечот ПСВ-Ленс од младинската ЛШ на УЕФА

174

Нашата фудбалска судијка Ива Пројковска добива уште едно големо признание за своите одлични перформанси на највисоко ниво во европскиот фудбал. УЕФА денеска ја делегираше Пројковска како главен судија на еден од мечевите во главната фаза од Младинската лига на УЕФА во која се натпреваруваат најдобрите младински клубови од Стариот континент.

Пројковска ќе биде на центарот на мечот на 8 ноември во Ајндховен, каде младинците на ПСВ ги пречекуваат своите врсници од француски Ленс. Како и на минатите мечеви каде што суди Пројковска, нејзини асистенти ќе бидат Дејан Костадинов и Даниел Василевски.

ПретходноБекамови обвинети за предавство, посетите на Дејвид кај кралот Чарлс биле со умисла!
СледноСите уверени дека Мбапе доаѓа во Реал, само управата на „кралевите“ се уште не е сигурна?!