„Бомба“ од Островот: Зидан седнува на клупата на Јунајтед?! Тен Хаг добива отштета од 15 милиони фунти!

8464

И дефинитивно Манчестер Јунајтед е во катастрофална ситиуација. Кој стигне го победува, и го понижува. Фановите на гигантот од “Олд Трафорд“ се во очај, уште на полувреме го напуштаат стадионот и си одат дома, како синоќа на мечот со Њукасл.

Денеска доаѓа “бомба“ од Островот. Имено според тамошните медиуми желбата на Јунајтед била Зинедин Зидан, стратегот кој откако се раздели со Реал по вториот мандат не прифати ниту една понуда, а минаа повеќе од две години.

Сепак прашање е дали Зизу во овој момент ќе дојде на “Олд Трафорд“, посебно ако се знае дека тој како човек не сака премногу да ризикува. Но, сепак Јунајтед и покрај сите проблеми и тоа како е предизвик за секој тренер во светот.

Што се однесува до Ерик тен Хаг, актуелниот стратег на Јунајтед, тој ќе добие отштета од 15 милиони фунти.

Ајде да видиме дали ќе се остварат овие најави…

Претходно“Експлозија“ во Арената во Белград: Ц. Звезда го победи Баерн, одлична партија на Теодосиќ и Јаго!
СледноЛампард се враќа, ќе тренира тим од Чемпионшип