Бугарска работа: Губеа, па напуштија терен (ВИДЕО)

3688

Место фестивал на кошарката под мотото „Заедно до 16“, синоќа на отворањето на турнироте ФИБА YDT во Скопје, за малку ќе имаше прекин на еден од натпреварите и тоа оној на машката кошаркарска селекција на Македонија.

Имено, на дуелот Македонија – Бугарија за играчи до 14 години, гостите во самата завршница на средбата (на околу 4 минути пред крајот) незадоволни од судењето решија да се повлечат од теренот по инструкции на селекторот на бугарската репрезентација. На прекинот му „кумуваше“ серија до 10:0 на нашата селекција, која го презема водството и очигледно го навлече гневот кај гостинскиот селектор.

По цели 20 минути, Бугарите на крајот се вратија да го доиграат мечот.

ПретходноСкариоло се враќа во НБА и седнува на клупата на Милвоки?
СледноМанчестер Ј. прави проценка: Ако му врачат отказ ќе треба да му исплатат цело богатство