Венгер призна: Реал го одбив трипати, еднаш и Барса, затоа што сум лојален!

308

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој се повлече во тренерската пензија во 2018 година, во интервју за „Беин Спортс“ откри дека го одбил Реал Мадрид „два или трипати“ во намерите на „кралевите“ да го донесат на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.

„Реал Мадрид се обиде да ме ангажира два или трипати, а Барселона исто така во една прилика“, рече Венгер. „Бев вклучен во проектот за изградба на новиот стадион кој го замени Хајбери и мораше да се финансира. Сето тоа сами го плативме, помош од никого не добивме. Тоа го плативме на терен и со продавање на најскапите играчи и потпишување евтини засилувања. Затоа не отидов во Мадрид, сакав да го завршам тој проект. Одбив некои од најдобрите тимови во Европа и денес сум доста горд на тоа, затоа што покажав посветеност, лојалност и дека можеш да одиш до крај на еден проект во кој си вклучен. Не барав слава, отидов во нешто подлабоко. Во овој живот можете да го правите само она што мислите дека е правилно. Тоа сум јас, не знам дали добро избрав, но го направив тоа што сакав“, призна Венгер.

ПретходноНикола Митревски во фокусот на ЕХФ: Дали го знаете македонскиот начин на бранење (ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Штипјани на сцена, Пилешков “главен“ на Чаир, дербито во Струга за Ѓорѓиев!