Далас и Бостон непоразени и по четвртиот меч, Денвер претрпе прв пораз (ВИДЕО)

205

Кошаркарите на Минесота му го нанесоа првиот пораз на шампионот Денвер во новата сезона од НБА лигата. Синоќа Тимбервулфс славеа со 110:89 предводени од извонредните Ентони Едвардс со 24 поени и Карл-Ентони Таунс со 21 поен и осум скока. Во тимот на актуелниот шампион најефикасен беше српскиот центар Никола Јокиќ со 25 поени, 10 скока и три асистенции.

Кошаркарите на Торонто го победија Милвоки со 130:111 и ја прекинаа серијата од три порази. Паскал Сиакам со 26 поени, седум асистенции и шест скока и Денис Шрудер со 24 поени со 11 асистенции беа предводници на Канаѓаните до посакуваниот триумф над еден од фаворитите за борбата з ашампионскат атитула оваа година. Малик Бисли со 20 поени и  Јанис Адетукумбо со 16 поени беа најдобри кај гостите.

Победничката низа ја продолжија Далас и Бостон. Тексашаните на крилата на Лука Дончиќ дојдоа и до четвртата сезонска победа и се единствениот непоразен тим на Западот. Словенецот мечот го заврши со 18 поени и 10 скока.

Бостон, пак, дома беше подобар од Индијана со 155:104 предводен од Џејсон Тејтум кој имаше 30 поени и 12 скока. За Селтикс ова беше исто така четврта победа во низа која го направи единствениот тим на Истокот кој се уште е непоразен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Голден Стејт – Сакраменто 102:101

Детроит – Портланд 101:110

Торонто – Милвоки 130:111

Атланта – Вашингтон 130:121

Бостон – Индијана 155:104

Мајами – Бруклин 105:109

Њујорк – Кливленд 89:95

Оклахома – Њу Орлеанс 106:110

Хјустон – Шарлот 128:119

Минесота – Денвер 110:89

Далас – Чикаго 114:105

Јута – Мемфис 133:109

Ла Лејкерс – ЛА Клиперс 130:125 (прод.)

ПретходноМанчестер Ј. тоне како „Титаник“: Њукасл имаше шоу на „Театарот на соништата“ (ВИДЕО)
СледноИнтер подготви нов договор за Лаутаро