ЕУРО 2024 не е толку далеку: На тест со Грција – со мислите кон Германија (ФОТО)

517

Од оваа ЕХФ-недела, македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за Европското првенство кое во јануари следната година ќе се одржи во Германија.

Пред избраниците на селекторот, Кирил Лазаров се сериозни противници. На стартот ќе се сретнат со Франција, по што следи дуелот со Германија и на крајот пресметката со Швајцарија.

Оваа нова Македонија имаше шанси да искуси Светско првенство, помина успешен квалификациски циклус за ЕП 2024 година, а сега ќе биде дел токму од континенталното натпреварување за кое се избори без големите имиња кои во минатото носеа убави ракометни денови.

Покрај тренинзите и работа на тактиката, Лазаров на дело ќе може да види во каква форма се наоѓаат репрезентативците. Двете пријателски средби против Грција (03. и 04.11) ќе дадат насока на што ќе треба да се работи до почетокот на ЕП 2024 година и на кого ќе може да смета предводникот на нашиот национален тим. Тестовите со Грција ќе бидат шанса за оние кои не добиваат голема минутажа на меѓународна сцена да се здобијат со искуство.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Марјан Младеновски ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Беса!
СледноРеал реши уште едно прашање – Родриго го продолжи договорот