Интер подготви нов договор за Лаутаро

144

Интер наскоро ќе започне преговори со Лаутаро Мартинез за обновување на договорот. Според информација од клубот, Интер наскоро ќе контактира со агентот на напаѓачот за да разговара за потенцијалното продолжување на договорот до крајот на ноември. Освен со Аргентинецот, клубот наскоро ќе започне преговори и со Николо Барела, бидејќи овие двајца играчи се гледаат како лидери во соблекувалната.

„Нероаѕурите“ се на чекор до нови договори и со Хенрих Мхитарјан, Дензел Дамфрис и Федерико Димарко. Преговорите на тројцата споменати се во напредна фаза и треба да завршат во текот на оваа година.

ПретходноДалас и Бостон непоразени и по четвртиот меч, Денвер претрпе прв пораз (ВИДЕО)
СледноТен Хаг по новата бламажа: Главниот проблем е менталитетот