Искусниот тренер го одбил Ајакс за да глуми во серија

212

По катастрофалните резултати во домашното првенство и во Европа, холандскиот великан Ајакс направи тренерска рокада. Нов тренер на екипата е Јоханес вант Шип кој потпиша договор до летото 2025 година, тој дојде на местото на Морис Стајн.

Во меѓувреме пред да падне одлуката за тренер, еден од кандидатите за клупата беше Хенк тен Кате. Но, искусниот 68-годишен тренер го одби клубот од необична причина. Според тамошните медиуми, Тен Кате ќе глуми полициски инспектор во серијата „Sleepers“.

Холанѓаните претпоставуваат дека Тен Кате не сакал да го преземе тимот бидејќи не бил подготвен за огромниот притисок што доаѓа со работата. Во својата кариера раководеше со бројни клубови, а во Ајакс беше од 2006 до 2007 година и го водеше тимот на 68 натпревари.

ПретходноРеал реши уште едно прашање – Родриго го продолжи договорот
СледноЈа освои „Златната топка“, но не ја доби наградата за најдобар дебитант во МЛС