Манчестер Ј. прави проценка: Ако му врачат отказ ќе треба да му исплатат цело богатство

1593

Манчестер Јунајтед ќе треба да му плати фантастични 15 милиони фунти на холандскиот стратег Ерик Тен Хаг ако се одлучи да му врачи отказ пред Нова година. Според пишувањата на локалните медиуми, Тен Хаг се соочува со голем притисок во моментов поради очајните перформанси на тимот оваа сезона.

„Црвените ѓаволи“ загубија осум од 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, а имаат дури 5 порази на 10 одиграни средби на домашен терен, што не се случило на „Олд Трафорд“ скоро 100 години (последен пат во сезоната 1930/31). Јунајтед досега прими 26 гола и гол-разликата во Премиер лигата моментално им е негативна.

Тен Хаг го презеде Јунајтед во текот на летото 2022 година по успешниот настап со холандскиот гигант Ајакс. Холанѓанецот беше пофален што го трансформираше Ајакс во сериозен конкурент во Европа со атрактивен стил на игра.

ПретходноБугарска работа: Губеа, па напуштија терен (ВИДЕО)
СледноЛазаров одбра 18 ракометари за двомечот со Грција