Со ЕХФ неделата посветена на машките ракометни репрезентации започнува загревањето за она што не очекува во јануари, Европското првенство во Германија.
И на ова континентално натпреварување ќе се веее македонското знаме. Македонската репрезентација ќе игра во група со домаќинот, Франција и Швајцарија.
ЕХФ секогаш ги одбира најинтересните моменти од претходните натпревари. Еден доаѓа од квалификациите за ЕУРО 2024 токму против Португалија која заврши како прволасирана. Во фокусот е Никола Митревски и неговиот македонски начин на бранење или ние би рекле „две во едно’ – одбрана и асистенција.
„Дали го знаете македонскиот начин на бранење?“, напишаа од ЕХФ со ознака „голманска асистенција“.
View this post on Instagram