Новак се мачеше, но покажа зошто е најголемиот!

645

Тешка победа на Новак Ѓоковиќ во 1/8 финалето на мастерсот во Париз вечерва и тоа против Телон Грикспор од Холандија, со 2:1 во сетови.

Новак во првиот сет беше непрепознатлив, ги загуби со 4:6, во вториот драма, Холанѓанецот речиси да беше пред триумф, но кога беше најпотребно Србинот покажа зошто е најголемиот.

Прво успеа да се извлече од бездната а потоа сетот го доби сетот во тај-брејкот.

И во тертиот, решавачкиот сет, Новак одигра како што треба, не блескаше, имаше проблеми, но сепак успеа да го добие со 6:4 и со тоа да го добие мечот и да се пласира во 1/4 финалето на мастерсот во Париз.

Да кажеме дека во финишот на мечот Новак беше премногу нервозен, а дел публиката во Париз му свиреше за некои негови потези.

Овој меч траеше 2 часа и 40 минути.

ПретходноПораз од Струга ТЛ најверојатно ќе значи и отказ за Ардијан Нухиу, а тој вели: „Не гледам криза во Шкендија!“
СледноШоу на Поцеко по триумфот на Асвел, Фенербахче го победи Олимпијакос! (ВИДЕО)