Реал реши уште едно прашање – Родриго го продолжи договорот

82

По Винисиус Јуниор, Реал Мадрид го продолжи договорот со уште еден првотимец, а тоа е бразилскиот фудбалер Родриго кој стави потпис на нов договор со важност до 30 јуни 2028 година.
Родриго му се приклучи на Реал во 2019 година како 18-годишен играчч Дебитираше на 14 септември и првиот гол го постигна девет дена подоцна.
Во пет сезони во Реал, тој одигра 179 натпревари и постигна 39 гола и се радуваше на 8 трофеја: по еден во ЛШ, Светското клупско, европскиот Супер куп, шпанскиот куп и по два во Ла Лига и шпанскиот Супер куп.

ПретходноЕУРО 2024 не е толку далеку: На тест со Грција – со мислите кон Германија (ФОТО)
СледноИскусниот тренер го одбил Ајакс за да глуми во серија