Тен Хаг по новата бламажа: Главниот проблем е менталитетот

370

Манчестер Ј. синоќа претрпе уште еден сериозен удар оваа сезона. Поразот од екипата на Њукасл и елиминацијата од Лига Купот на Англија го стави и холандскиот стретег Ерик тен Хаг пред голем притисок од јавноста и навивачите.

„Знаеме дека резултатот не е доволно добар. Мора да преземеме одговорност. Ја преземам вината на себе. Морам да им се извинам на навивачите, бидејќи овој натпревар не беше според нашите стандарди и треба да го поправиме тоа. Мора да се опоравиме од поразот и да го направиме брзо. Следниот натпревар е во сабота и треба да ја кренеме рампата. Имаме доволно квалитети, а играчите се држат заедно. Видовте дека се обидоа, но не беше доволно. И јас сум одговорен за ова. Мора да го поправиме ова заедно. За да стекнете самодоверба, прво треба да играте. Довербата доаѓа кога ќе го постигнете посакуваниот резултат. Ова е можно само кога ги следите правилата, се држите до принципите, ги добивате битките, ја форсирате борбата. Треба да го направиме ова заедно. Главната работа сега е вистинскиот менталитет“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

ПретходноИнтер подготви нов договор за Лаутаро
СледноФИБА YDF турнир: Победа и пораз во пресметките со Бугарија, денеска против Косово