Машката кошаркарска селекција на Македонија „Под 14“ години имаше успешен старт на ФИБА YDF турнирот во Скопје, откако со доста подобра игра во второто полувреме, успеа да ја совлада селекцијата на Бугарија со 60:55. Гостите беа подобар ривал во првите 20 минути од премиерниот меч за двата соседи на турнирот во Скопје.
Стефан Илиев реализираше 20 поени, а капитенот Гиновски уште 19 за нашата селекција на овој меч, кој имаше и прекин откако гостите се повлека незадоволни од некои судиски одлуки, па потоа го продолжија мечот.
Во „Кале“ вчера започна и проектот на ФИБА „Заедно до 16“ кај девојките. На почетокот женската селекција на Македонија загуби од Бугарија со 63:68. Две добри и две, не баш идеални, четвртини на кадетките на Македонија не успеаја да им донесат посакувана радост.
Јана Пислевска беше најдобриот поединец во нашата селекциа со 28 поени, имаше и десет скока, пет асистенции, но и дури десет загубени топки. Начевска и Трајковска реализираа по девет поени.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
Косово (ж) – Турција (ж) 32:82
Косово (м) – Турција (м) 58:73
МАКЕДОНИЈА (Ж) – Бугарија (ж) 63:68
МАКЕДОНИЈА (М) – Бугарија (м) 60:55
2.НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)
15.00: Турција – Романија (ж)
17.00: Турција – Романија (м)
19.00: Косово (ж) – МАКЕДОНИЈА (Ж)
21.00: Косово (м) – МАКЕДОНИЈА (М)