Ѓорческа обезбеди четвртфинале на Фјучрсот во Ираклион

40

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше во дуелот од осминафиналето на фјучрсот во грчкиот град Ираклион. Денеска во дуелот со Италијанката Рокети, Лина славеше во два сета со 6:3 и 6:1 со што веќе закажа настап во рамките на четвртфиналето.

Турнирот што се игра во Ираклион на Крит е со награден фонд од 40.000 долари и се игра на земјена подлога. Во битката за полуфиналето, Ѓорческа за противник ќе ја има шестата носителка, Краус од Австрија.

ПретходноСите уверени дека Мбапе доаѓа во Реал, само управата на „кралевите“ се уште не е сигурна?!
СледноНикола Митревски во фокусот на ЕХФ: Дали го знаете македонскиот начин на бранење (ВИДЕО)