Ја освои „Златната топка“, но не ја доби наградата за најдобар дебитант во МЛС

159

Интересно, добитниот на „Златната топка“ на „Франс фудбал“ за 2023 година замина во рацете на Лионел Меси. Аргентинецот по осми, рекорден пат ја освои оваа наградата за најдобар фудбалер на светот за сезоната 2022/23, но истовремено тој не е добитник на наградата за најдобар дебитант во американската Мејџор Сокер Лига.
Меси оваа сезона играше за Мајами, иако неговото присуство во Америка предизвика голем интерес преку барата, на крајот, сепак, тој не ја доби наградата за најдобар руки (дебитант) во МЛС.
Наградата замина кај напаѓачот на Атланта јунајтед, Јоргос Јакумакис. Грчкиот фудбалер одигра 28 натпревари во регуларната сезона во МЛС и постигна 17 голови, а беше втор на листата на најдобри стрелци во регуларниот дел од сезоната. Meси добро тргна во новиот клуб, но потоа поради повреда пропушти неколку натпревари.

Јакомакис освои вкупно 45,78% од гласовите на играчите, клубовите и медиумите. Меси е втор со само 27,28%, а на третото место е Едуард Ловен од Сиетл со 15,44% од гласовите.

ПретходноИскусниот тренер го одбил Ајакс за да глуми во серија
СледноПеро Антиќ отиде во Белград да го поддржи Вучиќ