Карагер: Никој не може да објасни што играчите на Јунајтед се обидуваат да играат

463

Легендарниот дефанзивец на Ливерпул и на англиската репрезентација, Џејми Карагер, кој сега работи како фудбалски експерт за британска телевизија, го коментираше поразот на Манчестер Јунајтед на домашен терен од Њукасл со 0:3 во Лига купот. Да потсетиме претходно Јунајтед беше поразен од Манчестер Сити со истиот резултат.
Никој не може да објасни што играчите на Манчестер Јунајтед се обидуваат да играат. Поминаа 18 месеци. Видете што Емери направи во Астон Вила за кратко време или Постекоглу во Тотенхем.
Ова не значи дека тие треба да победуваат на секој натпревар, но треба барем да разберете што ќе игра тимот. Сè уште не знаеме што игра Манчестер Јунајтед. Објаснете ми што прават со топката?“ – изјави Карагер на Sky Sports

ПретходноСинер се откажа од турнирот во Париз – незадоволен е од организаторот
СледноНено одличен, Уникс со уште една победа!