Нено одличен, Уникс со уште една победа!

117

Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ уште еднаш одигра одлична партија за својот Уникс Казан, со што и тоа како му помогна да дојде до нова победа во ВТБ лигата. Денеска на мечот против Астана на свој терен, Македонецот за само едно полувреме, постигна 14 поени, имаше и седум асистенции.

Со оглед на високото водство немаше ни потреба да игра повеќе, на крајот овој натпревар за заврши со резултат 96:65. Ова беше петта победа на Нено и Уникс во шесте одиграни натпревари во ВТБ лигата со што се втори на табелата. Лидер е тимот на ЦСКА Москва на нашиот стратег Емил Рајковиќ со скор “седум од седум“.

ПретходноКарагер: Никој не може да објасни што играчите на Јунајтед се обидуваат да играат
СледноПо црвените картони со Струга ТЛ: Тренерот на Гостивар казнет со четири меча, неговиот помошник со три месеци!