И тоа како било бурно на средбата Гостивар – Струга ТЛ од минатото коло, која заврши со резултат 2:1 за домашните. Имено судијата Игор Стојчевски покажа три црвени картони, еден за тренерот Муарем Муарем, потоа за неговиот помошник Рамис Газелци и фудбалерот Ангелче Тимовски.
На ова Дисциплинската комисија на ФФМ го казни Муарем со четири меча забрана на водење на тимот, потоа Газелци со три месеци и Тимовски со два меча.
Од редовите на Гостивар се гневни на судијата Игор Стојчевски кој го водеше овој натпревар и погрешил затоа што не покажал пенал за домашните при резултат, тоа го кажа и Судиската комисија.
За ова, но и за други негови судиски одлуки од таборот на Гостивар се гневни на него. Велат дека не ги прифаќаат казните и дека имаат намера и тоа како да се жалат.