Штипјани на сцена. Двете големи дербија во 13.коло во ПМФЛ ќе бидат судени од двајца штипски судии. И двете средби се играат во недела со почеток од 13.часот.
На Чаир каде Шкупи го пречекува Вардар главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип, а супер – дербито во Струга, во кое се среќаваат Струга ТЛ и Шкендија ќе биде судено од Крумислав Ѓорѓиев, исто од Штип.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 13.КОЛО – САБОТА (13 Ч)
Работнички – Силекс: Александар Ставрев (Скопје)
Брегалница – Македонија ЃП: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Тиквеш – Гостивар: Александар Грујоски (Кичево)
Воска – Брера Струмица: Фуркан Идризи (Тетово)
НЕДЕЛА, 13 Ч
Шкупи – Вардар: Димитар Пилешков (Штип)
Струга ТЛ – Шкендија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)