Шоу на Поцеко по триумфот на Асвел, Фенербахче го победи Олимпијакос! (ВИДЕО)

179

Ќе се памети првата победа на Асвел во годинашната сезона во Евролигата и тоа на гости кај Жалгирис со 88:91, но сепак повеќе ќе се памети радоста, односно шоуто на тренерот на францускиот тим, Џанмарко Поцеко. Италијанецот се израдува како да станале европски шампиони и таа негова еуфорија ја подели со своите играчи.

Во дербито на вечерта, Фенербахче во супер интересен меч успеа да слави над Олимпијакос со 79:77.

Монако како гостин го победи Милано со 66:72, а Валенсија славеше против Алба Берлин со 79:71.

Претходно во Белград во “Штарк Арената“, Ц, Звезда со 74:68 го совлада Баерн Минхен.

ПретходноНовак се мачеше, но покажа зошто е најголемиот!
СледноКонечно: Ајакс по цели 69 дена успеа да победи!