Новак Ѓоковиќ по голема борба го совлада Талон Грикспор во осминафиналето на Мастерсот во Париз со 2-1, а по мечот откри дека има стомачни проблеми и дека тоа е причината за неговата бледа игра.
„За да беше подобро, требаше да се чувствувам малку подобро. Веројатно имам стомачен вирус, неколку денови поминувам повеќе на време во тоалетот отколку на терен. Не е пријатно, но најдов начин како да се извлечам од оваа ситуација. Бев на работ да загубам, тој беше многу блиску до победа и мило ми е поради тоа. Не сакам да одземам ништо од неговиот настап. Играше на највисоко ниво и можеше да победи вечерва и ако го стореше, ќе беше заслужено“.
Во борбата за полуфинале Ѓоковиќ ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Холгер Руне и Даниел Алтмаер.