Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше во дуелот од осминафиналето на фјучрсот во грчкиот град Ираклион. Денеска во дуелот со Италијанката Рокети, Лина славеше во два сета со 6:3 и 6:1 со што веќе закажа настап во рамките на четвртфиналето.
Турнирот што се игра во Ираклион на Крит е со награден фонд од 40.000 долари и се игра на земјена подлога. Во битката за полуфиналето, Ѓорческа за противник ќе ја има шестата носителка, Краус од Австрија.