Спортспорт во Солун, Марија Ковачева
Македонската ракометна репрезентација за неполни 30. минути го игра првиот пријателски натпревар против Грција во рамките на ЕХФ-неделата. За Кирил Лазаров и неговите момци ова е почеток на подготовките за Европското првенство 2024 година во Германија.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим на првата средба на голманската линија ќе смета на Никола Митревски и Мартин Томовски, додека Марко Кизиќ ќе ја чека својата шанса на втората средба која се игра утре, исто во 17:30 часот по македонско време.
Во составот по подолго време се врати Никола Костески, додека пак ново име е Милан Лазаревски.
Од дуелот меѓу Македонија и Грција нема да има директен пренос ниту на една ТВ, ниту пак ќе се врши лајв-стрим.