Килијан Мбапе и оваа година не успеа да дојде до најпрестижниот поединечен трофеј во фудбалот – „Златната топка“. Во понеделникот во Париз таа замина во рацете на Лео Меси, по осми пат, а Килијан заврши како трет, и зад Ерлинг Халанд.
Неговиот тренер во ПСЖ, Луис Енрике објасни што му треба на Мбапе да дојде до “Златна топка“.
“Покрај неговите индивидуални квалитети кои се фантастични, тој треба да освојува трофеи на клупско и репрезентативно ниво. Очигледно е дека тој секогаш ќе биде кандидат, а јас не се сомневам дека Мбапе во својата кариера ќе освои неколку `златни топки`“ потенцираше Енрике.