Струмица го доби заостанатиот меч со Весна Пробиштип

94

Без поголеми потешкотии, одбојкарите на шампионот Струмица ја остварија и втората победа во новата сезона од домашното одбојкарско првенство. На заостанатиот меч од 2. првенствено коло кој синоќа се одигра во пробиштим, Струмицачни во три сета славеа против годинава засилениот состав на Весна Пробиштип и се вратија на делба на првите позиции на табелата заедно со тетовските состави Лирија и Шкендија.

Веќе утре стартува и 3. коло во машката Прва лига, додека кај девојките на програмата е 4. коло.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 3. КОЛО

САБОТА:

13:00 Вардар – Македонија Џио

13.00 Струмица – Јанта Волеј

18:00 Штип УДГ – Весна Пробиштип

18:30 Сушево – Борец

19:30 Лирија – Работнички 71&22

19:30 Универзитет во Тетово – Шкендија

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 4. КОЛО

САБОТА:

14:00 Јанта Волеј – Наковски Волеј

15:00 Фит Фан Волеј – Работнички

16:30 Вардар ЕМ – Младост УДГ

19:30 Струмица – Вардар 2019

ПретходноПапата го прашаа кој му е помил Меси или Марадона, а тој одбра сосема трет!
СледноОхридски тест за шампионот!