Цените на билетите за мечот Македонија-Англија исти како со Италија

1286

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија попладнево на седницата одржана во Кичево одлучи цената на билетите за натпреварот со Англија во Скопје да биде иста како оние со Италија.
Натпреварот со Англичаните ќе се одигра на 20 ноември во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2024.
Цената ќе биде од 300 до 500 денари.

Да потсетиме првиот меч со Англичаните на „Олд Трафорд“ го загубивме со 7:0. Македонија три дена претходно ќе и гостува на Италија.

ПретходноЈа откачи Италија, ќе чека повик од Аргентина
СледноКостески погоди за реми во Солун