Андонов: Против Македонија ЃП на победа уште од првата минута

132

Утре во Штип, екипатана Брегалница ја пречекува Македонија ЃП во меч од 13. коло на ПМФЛ. Во пресрет на мечот, Зоран Андонов ги искажа своите очекувања од пресметката.

„Во сабота играме исклучително важен натпревар во кој победникот ќе направи исчекор кон горниот дел на табелата. Максимално сме подготвени и мотивирани и уште од првата минута ќе атакуваме на трите бодови. Здравствениот билтен ни е одличен, немаме повредени ниту казнети фудбалери. Домашниот терен и нашата верна Фаланга ни се дополнителен мотив да го оставиме срцето на теренот и да дојдеме до сигурни 3 бодови. Потоа ни следи уште еден исто така многу важен натпревар во купот, во среда, но одиме чекор по чекор до две победи“, изјави Зоран Андонов за клупскиот сајт.

ПретходноВерстапен со пол-позиција и на Интерлагос во Бразил
СледноПрв пораз за шампионот: Драма со среќен крај за кошаркарките на Вардар