Како што пренесуваат медиумите во Србија, Стефан Ашковски е многу блиску до потпис со Раднички Ниш, тим од Суперлигата на Србија.
Се чека само да се завршат административните работи со неговиот поранешен клуб од Грција, Ламија и тој да биде промовиран во клубот од Ниш.
Македонскиот стандарден репрезентативец се најавува како големо засилување. Инаку познато е дека тој досега настапуваше за екипите на Ламиа, потоа во клубови од Турција, Холандија, Бугарија, Полска, Романија, играше и во ПМФЛ за Шкендија.
Беше член на Партизан, но постојано беше праќан на позајмици во Долни Срем, Напредак, Нови Пазар…