Виктор Вембањама. Ова име е хит во светот на кошарката, и пред да дојде во НБАм, во Сан Антонио. “Малиот“ е страшен во буквална кошаркарска смисла. Има само 19 години, висок е 224 см и е новата мега – ѕвезда во НБА.
По Јокиќ, Лука, Јанис еве уште еден кошаркар од Европа кој на извиканите Американци им покажува како се игра квалитетна кошарка.
По синоќешната доминанта партија во дресот на Сан Антониот против супер тимот на Феникс, светот е во чудо и со право се прашува:
„Дали е можно?“.
Само погледнете ги бројките од мечот со Феникс и се ќе ви стане јасно.
-Минутажа: 34`.
-Поени: 38.
-Скокови: 10.
-Асистенции: 2.
-Шут од игра: 15/26.
-Шут за три поени: 3/6.
-Блокади: 2
-Украдени топки: 1.
Просто неверојатно…
Посбено ако се знае дека во финишот на мечот во таа луда серија на „спарси“ од 12:0 тој учествуваше со неверојатни 10 поени.
Затоа велиме дека сам го победи моќниот тим на Феникс со Дурент, Букер и останатите ѕвезди.