Верстапен со пол-позиција и на Интерлагос во Бразил

65

Светскиот шампион Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата и на трката за Големата награда на Бразил, 21-та трка во сезоната во Формула 1.

На патеката Интерлагос, Холанѓанецот ја освои својата 11-та пол-позиција годинава и 31-ва во кариерата, со круг од 1:10.727 минути кој го извозе непосредно пред бурата да го погоди Сао Паоло. Најблиску до трикратниот светски шампион беше Шарл Леклер со Ферари, додека трет беше возачот на Астон Мартин, Ленс Строл.

Трката за големата награда на Бразил се вози во недела од 18 часот, додека сабота е резервирана за спринтот.

ПретходноJaja Туре го напушти Стандард Лиеж за да му биде помошник на Манчини во С.Арабија
СледноАндонов: Против Македонија ЃП на победа уште од првата минута