Во недела од 13 часот на стадионот на Чаир се игра едно од најголемите дербија во ПМФЛ, секако најголемото градско дерби во Македонија.
А тоа е дуелот меѓу Шкупи и Вардар.
Велиме најголемо и поради тензиите, ривалитетот меѓу навивачките групи, желбата да се биде прв и најдобар во главниот град.
Шкупи и Вардар се две екипи кои по пауза од две години повторно ќе го одмерат силите, а се знае и зошто.
Интересно Вардар последен пат победил пред четири години, и тоа на 18 септември 2019 година во таа сезона, предводен од стратегот Александар Васоски, кога и стана шампион на Македонија.
Тогаш беше 1:2 за “црвено – црните“.
Нема што, во недела на Чаир и тоа како ќе “врие“. Фановите на Шкупи ќе го „окупираат“ стадионот во најголема бројка, тие и самите си признаваат дека ним Вардар а не Шкендија, им е архи-ривал, и дека секоја победа над градскиот ривал им значи премногу.
Наше е да се надеваме дека се ќе помине само со спортско надмудрување, дека тоа ќе биде спектакл и дека подобриот ќе победи.