Карим Бензема за 2022 година беше прогласен за најдобар фудбалер во светот. Во таа година Франција стигна до фналето на СП во Катар, но тогаш напаѓачот на Реал Мадрид не беше дел од СП иако беше на списокот. Познато е дека тој пред Мундијалот се повреди, но навреме заздрави, сепак селекторот Дидие Дешамп одлучи да не го врати во националниот тим.
Наводно поради барањето на поголем дел од соиграчите на Бензема кои биле против тој да се врати за нокаут фазата на СП. По ова дојде до голем конфликт меѓу Бензема и Дешамп, а фудбалерот јавно го нарече селекторот – кловн.
Дешамп беше замолен повторно да ги коментира настаните од пред една година:
“Вистината е само една. Јас веќе кажав што се случи, така и беше. Ако сакате повеќе детали можам да ви ги покажам пораките. Немам причина да измислувам, се водев само од спортскиот интерес, но тоа нема да има никаква корист“ рече покрај другото селекторот на Франција.